Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Со отписот на стари долгови за струја им се помага на граѓаните, а не на компаниите
Економија

Анѓушев: Со отписот на стари долгови за струја им се помага на граѓаните, а не на компаниите

февруари 4, 2019Updated:февруари 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со најавената мерка за отпис на стари долгови за потрошена електрична енергија нема да има никаква помош кон компаниите, туку само кон граѓаните кои имаат бесконечна голгота по судските и извршителските системи, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Премиерот само ја најави мерката како активност. Во моментов течат разговори на таа тема, а кога ќе бидат завршени јасно и прецизно ќе кажеме како ќе се случува тоа. Не станува збор дека државата ќе одвојува средства од Буџетот за да плаќа долгови, туку преговараме со компаниите да бидат отпишани во нивните книги долговите кои се генерирани многу години наназад, рече Анѓушев во одговор на новинарско прашање по состанокот на конзорциумот на проектот „БИМцерт“ од програмата Хоризонт 2020 во Стопанската комора на Македонија.

Тој посочи дека нема конкретна анализа за колку должници станува збор и додаде дека најверојатно се работи за околу 200.000 граѓани, но има и правни субјекти кои престанале да постојат.

„Со поделбата на поранешното Електростопанство на Македонија останаа одредени побарувања кои требаше да бидат поделени меѓу ЕЛЕМ, кој остана државна компанија, и приватната ЕВН. Договорот помеѓу компаниите беше доколку се наплатат тие средства да бидат поделени.

Меѓутоа и после многу години тие средства не се наплатени и практично направија голгота кај многу граѓани. Во најголем дел долговите тешко може да се наплатат и само прават товар на граѓаните во бескрајни судски и извршителски постапки, појасни вицепремиерот за економски прашања.

Прашан дали Владата размислува да воведе рок за застареност на сметките за комунални такси во Законот за облигациони односи, Анѓушев рече дека во моментов не се разговара на таа тема.

Во однос на најавата од Владата дека ќе се обесштетат лозарите од Тиквешкиот регион на кои им останаа должни Повардарие, Стефанс винери и некои други помали винарии за откупеното грозје во последните неколку години, Анѓушев посочи дека не се обесштетуваат приватните компании, туку лозарите.

„Одговорна влада и одговорна држава нема што друго да направи освен да дејствува на начин на кој ќе ги обесштети луѓето ако станува збор за компании кои повеќе не можат да функционираат, односно ќе одат во ликвидација или стечај. Ние не обесштетуваме фирми, туку граѓани за да можат да ја продолжат својата дејност за егзистирање. Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените.

На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства, потенцира Анѓушев.

актуелно граѓани отпис помош стари долгови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.