Подготвеност за соработка, јакнење на еконмските односи и нивно унапредување, искажаа на денешната средба вицепремиерот Кочо Анѓушев и новоименуваниот амбасадор на Чешката Република Мирослав Томан.
Анѓушев ги презентира мерките од Планот за економски раст, нагласувајќи дека се проектирани да привлечат нови инвестиции и да ги потикнат постојните.
„Убеден сум дека мерките ќе бидат атрактивни и за чешките компании и во таа насока ги поканувам да дојдат во Македонија да инвестираат. Владата со својот полн капацитет е ставена во функција да обезбеди поволна бизнис клима за нови инвестиции, подвлече вицепремиерот.
Амбасадорот Томан и вицепремиерот Анѓушев разговараа и за соработка во земјоделството и енергетиката.







