Екс премиерот и неговите соработници остануваат без пасошите, вака одлучил Апелациониот суд кој доцна попладнево соопшти дека по разгледување на жалбите на екс премиерот, Никола Груевски и неговите партиски соработници поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски и шефот на кабинет на Груевски, Мартин Протугер сите обвинети во „Титаник“ за изборни нерегуларности, одлучено е тие да не бидат прифатени.
Тие си ги бараа пасошите назад, додека СЈО бараше обвинетите да одат во притвор. Апелација ги одбила и жалбите на СЈО и за сите петмина е потврдено решението на Кривичниот суд – пасошот да им остане во судот, а тие еднаш неделно да се јавуваат кај судски службеник.
На ова решение на Апелациониот суд не е предвидена жалба







