Апелационен суд ќе ја разгледува жалбата за продолжениот притвор на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Крсто Мукоски.
На него му беше продолжен притворот откако обвинителството за организиран криминал и корупција го осомничи за насилствата во Собрание од 27 април и ја побара таа мерка, а Основниот суд ја прифати.
Седницата нема да биде јавна, па Мукоски најверојатно нема да биде спроведен од затворот Шутка, а аргументите пред Апелационите судии ќе ги образложи неговата одбрана.
Освен тоа се очекува Апелација да соопшти и неколку одлуки по претходно одржани седници околу жалбите, помеѓу нив и за пратеникот Сашо Василевски чија што жалба се разгледуваше во петокот.
Досега сите жалби што беа разгледани беа отфрлени и беше прифатено барањето на обвинителството.







