Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АПИС: Мнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно
Градови

АПИС: Мнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

ноември 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС во соопштениет за јавноста вели дека вчера после 14 часот, без да биде известена јавноста, за истиот ден во 15 часот беше експресно закажана и одржана 106-та Cобраниска седница, на чиј дневен ред во прво читање се противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа и забавни игри со ЕУ знаме.

Во прилог нивното соопштение:

-Мнозинството пратеници се решени да ги донесат овие законски измени по секоја цена, без разлика на штетните последици. Притоа, воопшто не им грижа што сериозни забелешки за злоупотребата на ЕУ знамето упати и Евроамбасадорот Дејвид Гир и истите се нотирани во последниот Европски Извештај од Европската Комисија.

-Истовремено, мнозинството пратеници со овој “мижи-бутај” пристап во законодавниот дом без грижа на совест им порачува на 10 илјади вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства што ќе останат без работа, да си резервираат билет во еден правец и егзистенцијата да си ја бараат со иселување во западните земји.

-Мнозинството пратеници покажува целосна неукост со бранењето на дистанцата од 500 метри на објектите за игри на среќа од образовните институции, бидејќи истата е неизводлива на терен и тоа неминовно ќе предизвика целосно затворање на економскиот сектор.

-Мнозинството пратеници треба да и соопшти на јавноста дека свесно и со умисла се откажува од 280 милиони евра годишни приходи во централниот Буџет од легалните игри на среќа. Колку за илустрација, тоа е повеќе од 5 проценти од приходите планирани во предлог Буџетот за 2024 година.

-Мнозинството пратеници треба да биде искрено и да не крие дека со гласањето на овие противуставни и скандалозни законски измени отворено застанува и дава поддршка на игрите на среќа на црно, кои ќе се одвиваат во подруми, без контрола на државата, каде младината навистина ќе биде загрозена. Доволно е да се потсетат на аферата “Детонатор” од 2011 кога беа запленети 1500 покер апарати поставени на црно.

Длабоко жалиме што Северна Македонија станува општество полно со апсурди. Во исто време кога Владата преку Државна Лотарија ја промовира платформата “Мегавин” за организирање онлајн игри на среќа, кои преку интернетот се достапни на буквално секој мобилен и статичен уред, да се тврди дека дистанцирањето на легалните објекти за игри на среќа се воведува за да се заштитат учениците е чист популизам и груба предизборна манипулација.

Ние сме сигурни дека тоа на што предупредуваме ќе се случи. Не случајно во Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа заради отворање на диви играчници и удар врз нивната економија. Нема држава во која се спровеле радикални чекори за затворање на легалните објекти за игри на среќа кои по автоматизам не предизвикале отворање на игри на црно.

До крај ќе се бориме против законски решенија кои ќе предизвикаат силни општествени потреси и ќе креираат хаос во еден многу чувствителен економски сектор. Прашањето е кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што следи. Очигледно пратениците не се свесни во што влегуваат и што реално ќе се случи после изгласувањето на овие законски измени.

актуелно апис гласање пратеници црно
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.