„Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да се одреди притвор. Законот за кривична постапка точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди притвор“, рече адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски.
Апостолски изјави дека како образложение за одредување мерка притвор е постоење на опасност од бегство на обвинетиот.
Мерката притвор која е по наредба на Специјалното обвинителство е во време траење од 30 дена и е заради обвинение за случајот „Таргет-Тврдина“.







