Специјалните сили на косовската полиција уапсија вчера доцна попладнето во Приштина четири лица заради сомнение дека се поврзани со убиства и криминал.
Како што доцна вчера пренесоа приштински електронски медиуми уапсени се двајца црногорци, еден српски државјанин и еден од Косово.
Меѓу уапсените се Марио Милошевиќ (38) и Ѓорѓе Павичевиќ (31) осомничени за убиства и киднапирање на луѓе во последните неколку години во Црна Гора.
Идентитетот на уапсените уште не е откриен.
Полицијата ја потврди акцијата, но за нејзините детали сеуште ништо не информираше.
Акцијата на апсење е организирана врз основа на налог издаден од Интерпол.
Од полицијата информираат дека во рамки на истата акција, во населбата „Емшир“ во Приштина, се трагало и за уште двајца Срби.
Осомничените не се пронајдени, но затоа пак при претресот во станот најдени се огнено оружје, муниција и наркотици.
Во акцијата учествувале триесетина полицајци.
Уапсените се предадени на правосудните органи на понатамошна постапка.







