Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардем денеска изјави дека мора да се даде одговор на прашањето зошто на туристите им било дозовлено да го посетат Белиот остров (White island), иако сеизмолозите предупредиле на опасноста од ерупција на вулканот.
„Овие прашања мора да се постават и на нив да се даде одговор, рече Ардем во парламенот.
Околу 47 лица вчера биле на овој инаку ненаселен остров во време на ерупцијата на вулканот.
Некои од евакуираните туристи се здобиле со изгореници опасни по животот.
„Сега е јасно дека на островот имало две групи – тие кои можеле да се евакуираат и тие кои биле блиску до ерупцијата, кажа Ардем, пренесена од британските медиуми.
На оние кои ги загубија најблиските или се водат како исчезнати таа им порача дека ја дели нивната тага со нив.
„Размерите на оваа трагедија се катастрофални, рече Ардем.
Меѓу настраданите има туристи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Малезија, како и од Нов Зеланд.








