Фудбалерот на Арсенал Франсис Кокелан ќе паузира еден месец поради повреда на бутен мускул, изјави тренерот на англискиот клуб, Арсен Венгер.
Помали проблеми со повреда имаат и Лоран Кошелни и Лукас Перес, кои поради тоа ќе го пропуштат саботниот натпревар против Престон во ФА купот.
Кошелни има проблем со истегнат мускул на ногата, а Перес со зглоб.
Натпреварот против Престон ќе го пропуштат Алексис Санчез и Месут Озил, кои Венгер сака да ги одмори.
Сите останати ќе бидат во комбинација за состав на екипата затоа што претстојниот дуел, според зборовите на Венгер, е „многу значаен“ затоа што Арсенал го гледа ФА купот како еден од приоритетите.







