Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Аселборн: Ако Франција заземе позитивен став, тоа ќе го следат и другите земји членки
Македонија

Аселборн: Ако Франција заземе позитивен став, тоа ќе го следат и другите земји членки

март 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како земја направивте големи напори на патот на интегрирање во ЕУ, беше донесен Договорот од Преспа, го донесовте Законот за јавно обвинителство, клучен фактор, поради кој одредени земји не дадоа зелено светло, порача министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн денеска на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Нагласи дека земјата е подготвена за отворање на преговорите, беа спроведени реформи и додаде дека и Договорот од Преспа, но и реформите треба да продолжат да се спроведуваат и по изборите.

-Уверен сум дека се движите во добар правец и сето тоа е во интерес на оваа земја.

Вратата на ЕУ е отворена, рече Аселборн, кој нагласи дека тоа е во интерес не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион и на самата ЕУ.

-Ви посакувам среќа и ќе сториме се за да добиете шанса во Брисел и ЕУ и Северна Македонија да можат да се движат во ист правец наредните неколку години, потенцира Аселборн.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со резервираниот ставот кон проширувањето и на други земји членки на ЕУ, освен Франција, како Холандија и Данска, Аселборн истакна дека смета оти ако Париз го промени ставот, тогаш веројатно и останатите држави ќе го следат тој пример.

Тој потсети дека на минатиот Самит на Унијата Франција „изврши притисок“ за промена на методологијата за проширување и рече дека ќе ги чека извештаите на Европската комисија за земјите кандидати.

– Европската комисија даде позитивен извештај за Северна Македонија и Албанија. Ако Франција заземе позитивен став, тоа ќе го следат и другите земји членки. Ако сега не успееме, освен што ќе биде штетно за вашата земја, тоа ќе ја наруши и европската политика на Балканот, оцени Аселборн, додавајќи дека секоја држава има свои принципи, но треба да биде свесна за заедничките интереси.

Шефот на луксембуршката дипломатија ја нагласи и потребата и од засилување и интензивирање на соработката меѓу земјите од Балканот.

– Брисел е подалеку од сите вас, но вие сте овде во ист регион и соработката треба да биде засилена, посочи Аселборн.

Тој со пофални зборови за неговиот колега Димитров, за кого рече дека имал голема заслуга за приближувањето на Северна Македонија кон Унијата, кој пак, од своја страна нагласи дека нема министер во Европа, кој има поголемо паметење за европскиот пат на земјава, како што е Аселборн.

Нагласувајќи дека е свесен оти и Европа има свои грижи, Димитров изрази благодарност до Аселборн што издвоил време да ја посети земјава, со како што рече „една порака – заслужовте да почнете претпристапни преговори со ЕУ.

На средбата, како што рече Димитров, разговарале за нашата кандидатура, за реформските задачи дома, за последниот извештај на ЕК , за расположението на другите земји-членки.

-Се надевам дека ќе помогне сега за неколку денови на Советот за општи работи на 24 март и ЕУ да испорача, истакна шефот на македонската дипломатија.

Во рамки на посетата, предвидено е министерот Аселборн да биде примен и од страна на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/222751218846218/?t=0

актуелно аселборн димитров Договор преспа Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.