Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Аселборн: Унгарија му даде азил на деликвент
Македонија

Аселборн: Унгарија му даде азил на деликвент

декември 13, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Луксембург е единствената земја членка која го осуди одобрениот азил за експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Министерот за надворешни работи на оваа држава, Жан Аселборн вели дека е вчудовиден од одлуката на унгарските власти.

„Мислам дека е неверојатно што поранешниот премиер на Македонија кој е осуден на две години затвор доби меѓународна заштита во Унгарија, земја која си ги „штити“ границите од 2015 од бегалци. Еден деликвент да добие заштита во земја на ЕУ, кога оние кои бегаат од војни не ја добиваат е запрепастувачки.

Аселборн повика Европската Унија да си ја поврати „кохерентноста“ во однос на основните човекови права и во однос на прашањата за азил и миграција, вклучително и Женевската Конвенција.

„Ако тоа не се случи, ЕУ ќе ја загуби својата душа и своите вредности, загрижено вели Аселборн.

Министерот за надворешни работи, кој е исто така задолжен за миграција во неговата влада, изрази голема загриженост што „третина од земјите членки не го потпишаа Пактот за миграции“ на ОН во Маракеш.

„Она што е најстрашно е што тие што треба да добијат меѓународна заштита не ја добиваат, а еден деликвент ја доби, еден тип кој е осуден доби азил во земја што ги затвори своите граница, вели Аселборн.

Унгарија, заедно со повеќето источноевропски земји членки, но и Австрија, која е на чело на ЕУ до крајот на оваа година, се противат на солидарни и мултилатерални решенија за миграциските предизвици и не го потпишаа маракешкиот пакт.

Прашањето за азилот на Груевски до сега ниту еднаш не било покренато во рамките на Советот на ЕУ, односно на земјите членки.

Аселборн вели дека земјите членки од правна гледна точка немаат начин да го отворат тоа прашање бидејќи одлуките за доделување азил се стриктно национални. Но, вели, тој „можеме политички да го осудиме овој чин“.

Повеќе дипломатски извори во ЕУ потврдуваат дека ниту на Советот за надворешни работи во понеделникот, ниту на Советот за општи работи каде тема беше правната држава во Унгарија, не станало збор за Груевски.

Досега единствена осуда дојде од Европскиот Парламент кој изгласа два амандмани со кои се осудува унгарската одлука за азил. Но, ниту Европската Комисија, ниту земјите членки не реагираат.

Европратеникот од Унгарија, Јавор Бенедек, му испрати писмо на еврокомесарот задолжен за владеењето на правото, Франс Тимерманс, во кој бара одговори од ЕК за легалноста на унгарската одлука. Јавор  потврди дека се уште не добил одговор од комесарот.

„Тотален молк од Комисијата на оваа тема, како што велиме на унгарски: молк кој кажува многу, рече Јавор.

Аселборн од своја страна не сака да го коментира молкот на европската извршна власт, но вели дека состојбата во ЕУ “длабоко го загрижува“. Министерот, кој е еден од ветераните на ЕУ, додава дека “во петнаесет години колку сум тука не сум видел развој во ваква насока во ЕУ, нема повеќе кохерентност во однос на човековите права“.

Самитот на ЕУ кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе биде го најголем дел посветен на Брегзит. Во делот за надворешната политика треба да се разговара за Украина и Русија. Балканот не е на дневен ред, а никој не очекува на Орбан да му биде поставено било какво прашање во врска со Груевски.

актуелно ЕК ЕУ Унгарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.