За претседател на Движењето „БЕСА“ e избран Африм Гаши на денешниот конгрес што се одржа во Тетово.
За него гласале 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани од вкупно 575 делегати.
Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат.
Тој најави дека како претседател на БЕСА ќе се залага за петте точки од програмата на партијата, а тоа се евроатланската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија за сите и за редефинирање на земјата.







