Лидерот на ДУИ Али Ахмети, денеска од Сарај истакна, дека Македонија нема друга алтернатива освен соработка меѓу двете најголеми заедници – Албанци и Македонци.
„Само на овој начин, заедно можеме да бидеме сигурни во чекорите што не очекуваат.
„Мораме да гледаме напред и да ја свртиме главата кон иднината, да ги оставиме зад нас лошите работи, но не и да ги заборавиме зашто заборавајќи го минатото нема да знаеме да ја градиме иднината.
„Иднината на Македонија, се Европа и НАТО, рече Ахмети.
„Рековме дека склучивме договор за партнерство со СДСМ на централно и локално ниво зашто тоа е од заеднички интерес. Политиката е интерес и ние сме избрани да ги браниме интересите на заедницата што ја претставуваме, но без двојни стандарди – како зборуваме, така и работиме.
„Барам од вас да го поддржите кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, за градоначалник на град Скопје, исто како што и СДСМ не поддржува во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. И во вториот круг од овие избори, поддршката ќе биде меѓусебна,оценувајќи го ова како чекор во служба на иднината за да се надминат „некои предрасуди“ за подобра клима во Македонија, рече Ахмети.
Кандидатот за градоначалник Блерим Беџети и носителот на советничката листа Решат Рамадани изразија уверување дека ДУИ влезе во трката на локалните избори за повторно да ја добие поддршката од граѓаните на Сарај.
Проектите, целосно ќе ја урбанизираат општината преку локалниот економски развој, инфраструктурата, образованието, здравството, културата, спортот и животната средина.
Беџети најави изградбата на поликлиника.







