Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Багдади менувал по 10 локации дневно, му помагал „Пустинскиот дух“
Во Фокусот

Багдади менувал по 10 локации дневно, му помагал „Пустинскиот дух“

ноември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ирачките разузнувачки служби го следеле лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади со години пред да направат куса пауза, што се покажа како клучен момент. Таа пауза впрочем беше апсењето на Мохамед Али Саџет ал Зубаеји, зет на Багдади, во мај годинава.

Ал Зубаеија во 2015 година замина во Исламска држава и стана еден од најблиските соработници на Багдади.

Токму тој момент беше кулминација на тактиката за следењето на Ал Багдади – отстранување на оние кои му се најблиски, вели генералот Сад ал Алак, шеф на ирачките воени разузнувачи.

„Го следевме движењето на Ал Багдади на индиректен начин, преку членови на неговото семејство. Тоа ни даде одредена тајност, а оставивме впечаток на Багдади дека повеќе не ни е цел на работа, дека повеќе не интересира“, рече тој.

Ал Зубаеји му помагал на Багдади да ги избегне властите при патувањата. Откако беше фатен во предградие на Багдад оваа година, тој на ирачките разузнувачи им доставил клучни информации, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој бил човекот којшто ги спровел безбедносните сили низ тунелот во пустината во близина на Каимо на западот на Ирак, близу границата со Сирија, каде што биле откриени многу лични работи на Багдади, како и мапи и рачно пишувани белешки за локацијата каде што водачот на терористите би можел да се наоѓа.

Ал Зубаеји, исто така, споменал дека неговиот роднина би можел да се наоѓа во Идлиб во Сирија.

Ирачките безбедносни сили успеале да се инфилтрираат во терористичката мрежа за криумчарење во Сирија, што многу помогнало да се стаса до предводникот на Исламска држава.

Ирачаните потоа информациите ги споделија со силите на Коалицијата која ја предводат САД, што на крај доведе до тоа ЦИА и другите американски единици да го пронајдат и ликвидираат.

Багдади загина заедно со две деца во рација во октомври во селото Бариша во Идлиб.

Веста дека Багдади се наоѓа во Идлиб изгледаше многу чудно за многу аналитичари. Идлиб е под контрола на Хајат Тахрир а Шама, бунтовничка група која има врски со Ал Каеда.

И додека сите терористички групи суштински се со слична идеологија, Исламска држава и Ал Каеда со години се судруваат во Сирија. По многу нешта изгледаше нелогично дека тука се крие Багдади, посебно не во село што е на само пет километри од турската граница.

Ал Алак наведува дека водачите на Исламска држава главно побегнале во северна Сирија за да бидат поблиску до извори на приходи.

„Отиде на запад за да биде подалеку од војската и борбите“, додаде.

Ирак го бркаше Багдади уште откако го прокламираше калифатот пред џамијата во Мосул во јули 2014 година.

Во тој град беа испратени многу шпиони верувајќи дека ќе успеат го фатат во замка, но тој беше „недостапен“.

„Во тоа време Багдади ја менувал локацијата на која се наоѓал по десет пати на ден“, рече Ал Алак.

Побегнал од Ирак преку територијата што ја контролирале неговите терористи во август 2017 година. Се знае дека во февруари 2018 година бил во Деир Езор.

Клучната улога во овој момент ја имал таткото на третата жена на Багдади, кој стана познат под името „Пустински дух“ заради можноста да ги префрла групите на ИСИС без да забележи никој од Мосул во Ирак до Рака во Сирија.

Во февруари 2018 година беше уапсен Мохамед ал Дулаими, познат како Абу Ибрахим. Беше син на поранешниот заменик на Багдади, кој тогаш беше еден од поважните курири за пренос на пораки. Неговото апсење обелодени уште информации.

Багдади си замина од Деир Езор веднаш после тоа апсење. Продолжи да се движи низ сириската пустина помеѓу Палмира и Хомс, се до март оваа година, кога се „забарикадира“ на северот на Сирија каде што ги помина своите последни месеци и изврши самоубиство.

актуелно Ал Каеда Багдади. Идлиб Ирак исламска држава сирија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.