Американскиот претседател во заминување Барак Обама е прогласен за најценета личност во САД, пред својот наследник, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, соопшти Институтот Галуп.
Обама е на врвот на листата на најценети од 2008 година.
Трамп од петте отсто популарност лани сега освои 15 отсто, а Обама е прв со 22 отсто.
Анкетата е спроведена во екот на тензиите меѓу Обама и Трамп.
Обама во понеделникот рече дека сигурно би победил да се кандидирал за трет претседателски мандат, но тоа Уставот на САД не го дозволува.







