Бројни работодавачи во Копривничката жупанија се во потрага готвачи за работа во ресторани. Готвачи бараат угостителите, но и основни училишта, домови за стари лица, трговски ланци и сендвичарници.
Најмногу готвачи бара копривничката угостителска фирма „Зрински“, дури пет. Почетната плата, објавија, изнесува 910 евра бруто.
Трговскиот ланец „КТЦ“, пак, бара готвач и помошник готвач за работа во своите ресторани кои работат во нивните центри.
Готвачи бараат и тамошните основни училишта, пишува порталот Даница.хр.
ВКВ кувар неуспешно бара и општата болница во Копривница. Поништен беше конкурсот од јули годинава, затоа што на него никој не се пријави. Деновиве се очекува нов на кој повторно ќе се бара еден готвач за работа на неопределено време.

Повеќе кувари, на пример, бара и ланецот ресторани „Фуд Авенија“. Нуди работа во смени од 6 до 14 часот и од 11 до 19 часот со основна нето плата од 836 до 915 евра, со покачувања за работа во неделите и за празници.
Домашните работодавачи тешко можат да им конкурираат на странските.
Деновиве има јавен повик на хрватски готвачи со искуство за работа во австриските скијачки центри и многумина кулинари веќе ги пакуваат куферите. Тоа ќе биде уште еден голем удар за хрватските угостители.
„За претстојната зимска сезона, бараме готвачи за хотели со четири и пет ѕвездички во покраините Кернтен, Штајермарк, Салцбург, Тирол и Форарлберг.
Потребно е работно искуство и познавање на германски или англиски јазик. Платата е од 2.000 до 2.400 евра нето плус божиќен бонус и регрес за годишен одмор сразмерно на одработените месеци. Сместувањето е во еднокреветна соба и оброците се бесплатни. Се работи шест дена во неделата по осум часа на ден. Работата може да биде сезонска, но постојана“, велат од една агенција за посредување за порталот Даница.хр.







