Норвешко – аргентински пакет оваа зима стигнува во Манчестер јунајтед или во летниот преоден рок во Барселона. Медиумите на островот речиси истовремено пренесоа две вести кои се однесуваат на младиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд и шпицот на милански Интер, Лаутар Мартинез, а двете говорат дека и англискиот и шпанскиот гигант сакаат да ги видат во своите редови.
Јунајтед не сака да губи време, па според тие извори „црвените ѓаволи“ се заинтересирани веќе оваа зима да ги ангажираат и Норвежанецот од Салцбург и Аргентинецот од Интер.
Барселона, од друга страна, е подарежлива (наводно подготвиле 100 милиони евра), а во тој случај Халанд и Мартинез на „Ноу Камп“ би стигнале на крајот на сезоната.
Младиот Халанд (19), кого репрезентативното деби за Норвешка извесно го очекува во март против Србија, на 23 натпревари во австриската прва лига постигна 20 голови.
Мартинез (22) е клучен играч на „неро-азурите“ оваа сезона, иако врз основа на голгетерскиот учинок (шест погодоци на 11 натпревари) тоа можеби и не би можело да се заклучи.
(Фото: ЕПА)







