Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БАЈДЕН ИМ ДАДЕ ЗБОР НА ИЗРАЕЛЦИТЕ: „Бидете спокојни, имате ‘железна купола’!“
СВЕТ

БАЈДЕН ИМ ДАДЕ ЗБОР НА ИЗРАЕЛЦИТЕ: „Бидете спокојни, имате ‘железна купола’!“

октомври 20, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Џо Бајден на аеродромот во Израел беше пречекан од израелскиот претседател, Исак Херцог, и премиерот Бенјамин Нетанјаху, како „искрен пријател на Израел и ционистите“ и му посакаа „добредојде дома“.

Моментот на пристигнувањето на Бајден во Тел Авив не може да биде почувствителен, особено што при неговото качување во авионот во Америка, ширум светот одекна веста дека во Газа е погодена болница и дека на лице место се убиени стотици невини луѓе. За нападот од Газа го обвинија израелскиот ракетен оган.

Посетата на Бајден во последен момент е променета – откажан е состанокот на американскиот претседател и шефот на Палестинската управа на Западниот Брег, Махмуд Абас, како и средбата со јорданскиот крал, Абдула Втори, која исто така била во распоредот на Бајден.

Израел, во меѓувреме, демантираше дека е одговорен за нападот на болницата, префрлајќи ја вината на групата Исламски џихад и неисправната огнена стрелба на нивните ракети од Газа.

На средбата со Бенјамин Нетанјаху, конзервативниот премиер на Израел, на Бајден му биле покажувани докази дека нападот не бил извршен од израелска страна.

„Според она што го видов, се чини дека ударот сепак го извршил друг, а не вие“, искоментирал Бајден, а неговата класификација за израелската страна веднаш ја пренесоа сите медиуми. Тоа нема да им се допадне на палестинските сојузници.

Патувањето на Бајден во Израел во прв ред е знак за непоколебливата поддршка на Соединетите Американски Држави за државата Израел. Бајден тоа го потврди прегрнувајќи ги израелските политички лидери, но станува збор за многу чувствителна мисија со, како што предупредуваат аналитичарите, висок влог.

После првата вест за нападот на Хамас, Белата куќа изрази став дека Израел има право да се брани, но потоа во своите изјави ги вклучи и палестинските цивили, нагласувајќи ја неопходноста од заштита на животите на невините.

Антони Блинкен, шефот на дипломатијата на Бајден, се сретна со лидерите на регионалните играчи, но средбите ги одбележа ставот на арапските водачи дека се е последица на нерешавањето на израелско-палестинските прашања.

Израелските сили (ИДФ) објавија аудио снимка од разговорот кој, како што велат, се водел меѓу двајца ракетни оперативци на Хамас од гробиштата. Според преводот на ИДФ на разговорот, еден од оперативците вели: „Тие велат дека шрапнелите од проектилите се локални шрапнели, а не како израелски шрапнели“. Ова не е единствената причина за тврдењето дека страшната трагедија ја сокрил некој од палестинската страна.

„Недостигот на структурна штета на болницата Ал Ахли во градот Газа докажува дека израелските воздушни напади не ја предизвикаа смртоносната експлозија во вторникот“, се вели во соопштението на ИДФ.

„Сликите после експлозијата покажаа дека „нема кратери и структурни оштетувања на околните згради“, објасни портпаролот на ИДФ, контраадмиралот Даниел Хагари, на прес-конференција.

„Тука нема кратери. Ѕидовите останале недопрени. Ова покажува дека паркингот на болницата не бил погоден од проектил од воздух“, изјави Хагари за новинарите.

„Анализата на нашите снимки од воздух потврдува дека немало директен удар на самата болница. Единствената оштетена локација е надвор од болницата на паркингот, каде што можеме да видиме траги од подметнување пожар“, додаде тој.

Според неговите зборови, Исламски џихад, милитантна група од Газа, во 18.59 часот истрелала десет ракети, една по друга, од блиските гробишта. Во тоа време – во 18.59 часот – стигнале извештаи за експлозија во болница во градот Газа“, рече Хагари, и додаде дека е вообичаено ракетите истрелани кон Израел да паднат и да предизвикаат жртви.

Исламски џихад негира дека неговото неуспешно лансирање ракета е одговорно за експлозијата, а засега е невозможно независно да се потврди што ја предизвика трагедијата, како и бројот на жртвите.

Фадел Наим, ортопед во таа болница, ја слушнал страшната експлозија додека бил во операционата сала. Кога излегол, нашол, како што вели, неверојатна глетка.

„Главите на многу луѓе беа отсечени. Насекаде имаше оган. Се обидовме да се погрижиме за ранетите и за оние кои умираат, но обемот на уништувањето беше преголем.”

Наим истакнува дека зградата на болницата била погодена и на 14 октомври, но персоналот мислел дека се работи за грешка, со оглед на тоа дека на ракетните напади обично им претходат предупредувања. Тој го повтори тврдењето на функционерот на Хамас дека следниот ден, директорот на болницата добил телефонски повик од ИДФ, во кој, тврди, му било речено дека штрајкот бил предупредување и дека се барало болницата се евакуира.

Експлозијата означи нова опасна фаза во војната на Израел со Хамас, која се заканува да се прелее во регионот, а ги засили стравувањата дека хуманитарната ситуација во Газа излегува од контрола.

Ашраф Ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, ги опиша неописливите сцени после експлозијата.

„Екипите за итна медицинска помош сè уште отстрануваат делови од тела, а повеќето од жртвите се деца и жени“, изјави Ал Кудра за Си-Ен-Ен.

Лекарите, рече тој, вршеле операции на земја, по ходниците, некои од нив и без анестезија.

Последиците од експлозијата се закануваат да ги попречат американските дипломатски напори за олеснување на хуманитарното страдање во Газа, каде што расте загриженоста поради недостатокот на храна, гориво и електрична енергиј.

Земјите од блискоисточниот регион се бесни поради нападот на болницата и поради се во секоја од нив избувнаа протести.

„Во овој момент, нема смисла да се прави било што друго освен да се запре оваа војна“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, за Ал џезаира Арабија, вчера рано утрото.

„За никого нема корист од одржување на состанок на врвот во овој момент“, рече тој.

Неколку земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан, Египет и Обединетите Арапски Емирати, објавија изјави во кои се осудува Израел. Египет прогласи тридневна жалост. Пакистан го нарече масакрот во болницата „нехуман и неодбранлив“, а палестинскиот набљудувач на ОН, Ријад Мансур, истакна дека израелските власти биле нечесни кога го обвинија Исламскиот џихад.

Но, Израел е убеден дека виновни за се’ се палестинските милитанти.

„Изброивме околу 450 ракети кои затаија и паднаа во Газа за време на оваа војна“, рече Хагари.

Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, за Си-Ен-Ен рече дека граничниот премин Рафах на границата меѓу Газа-Египет сè уште не е безбеден.

„Нема безбедни патишта за конвои“, истакна тој, мислејќи на хуманитарните конвои кои чекаат на египетската страна на границата, и додаде дека „преминот во изминативе денови четири пати беше бомбардиран“.

„Ситуацијата во Газа излегува од контрола“, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Залихите на СЗО се заглавени на граница веќе четири дена. Секоја секунда додека се чека да се добие лекарска помош, се губат животи“, порача тој.

Нападот на болницата и се полошата состојба во Газа го коментираа светските влади, вклучително и Кина.

„Кина е шокирана и најостро го осудува нападот врз болницата во Газа, кој предизвика многу жртви“, рече портпаролот, и додаде дека Пекинг повикува на итен прекин на огнот.

Се огласи и Владимир Путин, кој предвиде дека војната нема да се прелее во регионот бидејќи „играчите не се подготвени за ескалација“.

Бајден после првите средби порача дека САД ќе продолжат да го штитат грбот на Израел „додека вие работите на одбрана на својот народ“.

„Ќе продолжиме да работиме со вас и со партнерите во целиот регион за да спречиме нови трагедии за невините цивили“, им порача Бајден на Нетанјаху и на членовите на воениот кабинет, нарекувајќи го нападот на Хамас „брутален, нехуман, речиси неверојатен“.

Бајден на почетокот на својата посета го спомена израелското право на одбрана, но и помошта на Америка во тоа. Притоа, тој ги спомна „Железната купола“, која е клучна за заштита на Израелците од ракетите на Хамас од Газа, и новиот систем за противвоздушна одбрана, за кој помалку се зборува, а е систем со насочено енергетско оружје, дизајниран за уништување ракети со краток дострел и артилериски и минофрлачки гранати. Тој систем може да пресретне и беспилотни летала.

Нетанјаху, пак, го критикуваше Хамас за „ужасно, двојно воено злосторство против човештвото“.

„Додека Израел настојува да ги минимизира цивилните жртви, Хамас настојува да ги максимизира цивилните жртви. Хамас сака да убие што е можно повеќе Израелци и воопшто не води сметка за животите на Палестинците – секој ден вршат двојно воено злосторство секој ден, гаѓајќи ги нашите цивили додека се кријат зад своите цивили. Се пикаат меѓу цивилното население и ги користат како жив штит“, рече Нетанјаху.

актуелно Америка Бенјамин Нетанјаху Владимир Путин Газа Израел Кина Палестина русија Хамас Џо Бајден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.