Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бајден и се обрати на нацијата: „Авганистанските лидери не беа способни да се обединат“
СВЕТ

Бајден и се обрати на нацијата: „Авганистанските лидери не беа способни да се обединат“

август 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денеска и се обрати на нацијата после случувањата во Авганистан и превземањето на таа земја од страна на Талибанците.

Тој истакна дека главниот интерес на Америка е повеќе никогаш да не се повторат терористички напади како иние од септемви 2001 година.

„Американската мисија во Авганистан никогаш не требаше да биде изградба на нацијата, туку беше осмислена да спречи терористички напад на тлото на САД“, рече Бајден.

Бајден наведе дека авганистанските власти биле неспособни да се обединат заради добробит на народот и неговата иднина.

„Американците нема да гинат во војната во која Авганистанците не се подготвени да се борат. Авганистанската војска имаше 300.000 луѓе, им го дадовме секое оружје што можевме, им плаќавме плати. Им пружавме и воздушна поддршка, и им ја дадовме секоја шанса, но не можевме да им дадеме волја за борба“, рече американскиот претседател.

Бајден не пропушти да ги обвини и Русија и Кина, велејќи дека на Москва и Пекинг им користело тоа што САД трошела милијарди долари во Авганистан.

„Кога го примив авганистанскиот претседател во јуни во Белата куќа, разговаравме искрено. Разговаравме за тоа дали нивната војска е подготвена да се бори во граѓанска војна кога ќе си заминеме, и дали нивната влада е подготвена да се бори против корупцијата. Ништо од тоа не направија. Господинот Гани ме уверуваше дека нивната војска ќе се бори“, рече.

Бајден потоа ги праша оние кои заговараа останување на американските сили во Авганистан дали сакаат да видат уште надгробни споменици на воените гробишта во Арлингтон.

„Уште колку наши синови и ќерки мораме да испратиме таму? Тоа се грешки кои не смееме повеќе да ги повторуваме затоа што имаме витални интереси во светот и не смееме да ги игнорираме. За сите оние кои сагубиле сакани во Авганистан и за сите војници кои ги оставија своите животи и делови од телото таму – ова е лично. Бев во Авганистан додека траеше војната, бев во Кандахар и во други места. Проведов време со нашите трупи и сфатив што е можно, а што не е. Ќе продолжиме дипломатски да го поддржуваме Авганистан, како и да инсистираме на почитување на правата на жените во таа земја. Но, вистинскиот начин за тоа не е бесконечниот воен судир, туку дипломатија, економија и повикување на светот да ни се придружи“, рече тој.

Бајден истакна дека го одобрил испраќањето на контигент од 6.000 војници во Авганистан за извлекување на Американците и нивните сојузници.

„Ја затворивме нашата амбасада и ги извлековме дипломатите. Во следните денови ќе извлечеме илјадници американски државјани од Авганистан. Веќе успеавме да спасиме 2.000 Авганистанци со нивните семејства и да ги сместиме во САД. Во следните денови ќе извлечеме уште Авганистанци кои работеа за нашата амбасада и за агенциите. Ме прашуваат зошто порано не ги извлековме – затоа што сами не сакаа да одат и се надеваа дека ова нема да се случи толку брзо. Нашата војска ги извршува сите задачи професионално и одговорно. Им порачавме на Талибанците дека нашиот одговор ќе биде многу моќен ако не нападнат. Ќе ги одбраниме нашите војници со разорна сила“, истакна претседателот на САД.

Тој истакнува дека со завршувањето на таа мисија ќе биде готова најдолгата војна во американската историја, и наведува дека нема воена сила која може да воспостави демократија во Авганистан – земјата која е позната како „гробишта на империите“.

„Направивме многу грешки во изминатите декади, но јас нема да ја пренесам таа одговорност на следниот претседател. Не сакам да го замајувам американскиот народ и да зборувам како ни треба уште само малку време. Јас сум претседател на САД и таа приказна застанува сега, со мене. Не жалам за одлуката да се повлечеме од Авганистан и сакам да го задржам фокусот на останатите закани ширум светот“, посочи Бајден.

Претседателот на САД наведе дека не може и не сака да бара од американските војници бесконечно да се борат во туѓи војни.

„Тоа не е американски навионален интерес, тоа не е она што го заслужува нашата војска. Му ветив на американскиот народ кога се кандидирав дека ќе ја приведам таа војна кон крај. Им го ветив тоа на храбрите војници кои ја заслужуваат оваа нација. Нашите лидери го направија тоа и во Виетнам, но јас сакам тоа да го направам во Авганистан“, посочи Бајден и своето обраќање го заврши со следните зборови:

„Тоа е исправна одлука за Америка, Господ нека ги заштити нашите дипломати и нашата војска.“

авганистан актуелно Америка војна интерес Кабул Претседател САД талибанци Џо Бајден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.