– Поради дефект на водоводна линија на улиците „Орце Николов“ и „Дисанска“, без вода за пиење ќе останат корисниците од тие две и од околни мали улички околу „Орце Николов“.
Прекинот на водоснабдувањето на жителите од тој дел во Кавадарци ќе трае до 13 часот. За ова информираа изутринава од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, замолувајќи ги граѓаните за разбирање и трпение.