Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
СВЕТ

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида

декември 29, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Средбата со висок влог меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида заврши доцна синоќа без значаен пробив, иако двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија.

На прес-конференцијата по разговорите во приватната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго, американскиот лидер рече дека договорот „би можел да биде многу блиску“ и дека би можел да биде постигнат „можеби за неколку недели“.

Зеленски во меѓувреме му се заблагодари на Трамп за „навистина одличната дискусија“ и рече дека нивните „тимови ќе се сретнат во претстојните недели за да ги финализираат сите дискутирани прашања“. Дополнително, Зеленски најави дека Трамп ќе биде домаќин на самит со европските лидери во Вашингтон, најверојатно во јануари. Двајцата лидери одржаа разговори со европските претставници и пред самата прес-конференција.

Средбата во Мар-а-Лаго е дел од најновиот дипломатски притисок за ставање крај на војната што Русија ја почна во февруари 2022 година. Трамп претходно изјави дека верува оти Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се „сериозни“ во намерата да склучат мир. Американскиот претседател додаде дека повторно ќе му се јави на Путин по средбата со Зеленски, откако претходно веќе оствари телефонски разговор со рускиот лидер.

Зеленски бара поддршка од Вашингтон за неговата рамка од 20 точки, откако администрацијата на Трамп кон крајот на ноември објави предлог од 28 точки кој ги вознемири Киев и неговите сојузници, бидејќи отсликуваше неколку руски позиции.

Безбедносни гаранции

Додека Трамп се обидува да го прекине конфликтот преку самити на високо ниво, вклучително и гостувањето на Путин во Алјаска во август, фокусот на интензивните дипломатски напори во последните недели е ставен на решавање на неколку клучни спорни точки.

Тие вклучуваат западни безбедносни гаранции за Киев во случај на нови руски напади, судбината на регионот Донбас и контролата врз нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација од почетокот на војната. Зеленски изјави дека со Трамп разговарале за „сите аспекти на мировната рамка“, повторувајќи дека неговиот план од 20 точки е „90 проценти договорен“.

Русија: Прекинот на огнот само би го „продолжил“ конфликтот

Друга точка на спор е дали завојуваните страни треба да се согласат на 60-дневен прекин на огнот, предлог поддржан од Зеленски за да им се даде можност на Украинците да гласаат за мировниот план на референдум.

Кремљ вчера соопшти дека Трамп и Путин во нивниот телефонски разговор се согласиле дека привремениот прекин на огнот во Украина само би го „продолжил“ конфликтот и би донел „ризик од повторно разгорување на борбите“. Москва веќе долго време тврди дека сака директно да премине на конечен мировен договор, прескокнувајќи прелиминарно примирје.

Фото: ЕПА

 

актуелно зеленски мир сфредба Трамп Украина Флорида
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.