Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го смени специјалниот обвинител Роберт Милер, ниту пак неговиот заменик.
Директорот на службата за правни работи на Белата куќа, Марк Шорт рече дека нема причина да верува дека тие ќе бидат сменети, и покрај вознемиреноста на Трамп поради истрагата за врските на неговиот предизборен тим со Русија.







