На изборите на 15 октомври гласајте за живот, за вашите деца, за подобри институции бидејќи во изминатите 15 години од страна на претходните власти беа приватизирани институциите.
„Ако годишно општинскиот буџет имал три милиони евра, за 15 години тоа изнесува 45 милиони евра, а од нив ништо нема во инвестиции за жителите“, порача кандидатот за градоначалник на Движењето Беса, Минур Асани на средбата со жителите на тетовската општина Боговиње. Според него, жителите на општината имаа историска шанса да ги сменат работите на подобро.
Тој повика на овие избори да се гласа за оние што ќе се борат за иднината на сите граѓани, против криминалците и политизирањето на институциите и ќе се жртвуваат за општината и за народот.
„Мене не ми требаат пари и јас не сакам да живеам ниту еден ден ако не зборувам и се борам за моите граѓани, зборувајте искрено и со другите ваши блиски, роднини и пријатели дека Беса е движење формирано од група луѓе кои не се заинтересирани за лични придобивки, туку имаа визија за национален развој во интерс на Албанците“, рече Асани.
Носителот на кандидатската советничка листа од Беса за општина Боговиње Флорим Ракипи ја побара довербата за како што рече со мојата екипа да ставиме крај на дискриминацијата и зулумите од ДУИ во изминатите 15 години во општината.