Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесими – Вархеји: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст
Економија

Бесими – Вархеји: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

февруари 25, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Планот за опоравување од кризата предизвикана од Ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

– Водејќи се од Економско-инвестицискиот план на ЕУ, ја ревидиравме единствената листа на проекти воспоставувајќи приоритети меѓу клучните инфраструктурни проекти, коишто се важни за развојот на државата, истакна министерот Бесими и притоа додаде дека во рамки на Eкономско – инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти.

Во овие рамки, како што соопштуваат од Министерството за финансии, се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите.

Економско – инвестицискиот план на ЕУ, се додава во соопштението, им овозможува на земјите од Западен Балкан пристап до европски грантови во износ од 9 милијарди евра, а се планира да се обезбедат уште 20 милијарди евра дополнителни инвестиции.

-И според најконзервативните проекции на ЕК, спроведувањето на инвестицискиот план може да го поттикне растот во земјите од Западен Балкан за најмалку 3,6 процентни поени. Многу е важно да се создадат сите услови за опоравување од кризата заедно со Западен Балкан, а инвестицискиот пакет е во срцето на тој план, наведуваат од Министерството за финансии.

Инвестицискиот пакет се однесува на проекти во клучни области како транспорт, енергија, животна средина, дигитална економија и инвестирање во младите и во приватниот сектор.

Исто така, на состанокот, стои во соопштението, министерот потенцира дека Владата е посветена да ја зголеми искористеноста на ИПА фондовите преку предлагање добро разработени („зрели“) проекти, коишто можат лесно и за кус период да почнат да се имплементираат.

Од МФ истакнуваат дека двете страни заклучија дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за стабилноста и безбедноста во Европа.

актуелно бесими вархеји Западен Балкан инвестициски план
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.