Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесими му го предаде предлог-буџетот на Џафери
Македонија

Бесими му го предаде предлог-буџетот на Џафери

декември 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој Собранието треба да го усвои на пленарна седница најдоцна до 31 декември.

Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година ги содржи прифатените амандмани во текот на расправата во собраниските комисии. Прифатените амандмани тежат 6,2 милиони евра.

Вкупната вредност на прифатените амандмани изнесува 382 милиони денари и е една од најголемите измени направена преку амандманската расправа.

На средбата министерот Бесими истакна дека очекува дебатата да продолжи во ваков дух на пленарната седница и со широка поддршка да се усвои Буџетот за 2022 година.

Главни цели на Буџетот за 2022 година се продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите, при спроведување фискална консолидација, како и поддршка на реформските процеси во правосудството и евроатланските интеграции и непречено финансирање на основните функции на државата.

Главниот фокус во Буџетот за 2022 година е на инвестициите, така што капиталните расходи се планирани на досегашно највисокото ниво од 38,2 милијарди денари. Капиталните расходи учествуваат со 14 отсто во вкупните расходи и се зголемени за 28,3 отсто во споредба со 2021 година. При тоа има кратење на непродуктивните трошења.

Буџетот е конципиран според златното правило во јавните финансии, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи, што значи дека задолжувањето ќе биде само за капитални расходи, а средствата ќе бидат насочени кон проекти кои даваат најголем ефект. Тоа ќе поттикне инвестициски циклус што ќе придонесе за забрзан економски раст.

Со дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година расходите се планирани во износ од 272,4 милијарди денари што претставува раст од 1,4 отсто во споредба со 2021 година и се на ниво од 35,2% од БДП. Приходите, пак, се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 отсто повисоки од 2021 година. Оттука, буџетскиот дефицит се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП.

 

 

 

 

 

актуелно буџет дефицит Талат Џафери Фатмир Бесими финансии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.