Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесими: Ребалансот на буџетот до крајот на неделата, парите ќе се насочат таму каде ќе придонесат кон економската активност
Економија

Бесими: Ребалансот на буџетот до крајот на неделата, парите ќе се насочат таму каде ќе придонесат кон економската активност

септември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ребалансот на буџетот се очекува да биде готов до крај на неделата, да се достави до Влада и веќе следната недела да влезе во собраниска процедура, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. Со ребалансот ќе се обезбедат дел од средствата за реализација на мерките од четвртиот антикризен пакет, а воедно средствата ќе се насочат од позиции кои имаат послаба реализација кон позиции кои ќе ја поттикнат економската активност.

-Директни фискални импликации од четвртиот пакет антикризни мерки се 160 милиони евра. Дел од нив ќе се покриваат преку ребалансот, односно со кратење таму каде што има можност, каде што се гледа дека до крајот на годината позицијата нема да се реализира. Останатиот дел ќе се покрива со задолжување. Тоа е начинот на финансирање на целиот пакет. Првите подготовки за ребалансот ги правевме во Министерството за финансии, но се чекаше точната бројка на пакетот. Во моментот се работи во Министерството за финансии и до крајот на неделата се надеваме дека ќе го заокружиме ребалансот. Штом ќе помине на Влада, наредната недела ќе биде веќе во собраниска процедура, односно ќе биде пратено во Собранието – вели Бесими.

Во однос на тоа каде ќе се крати од буџетот, Бесими вели дека бројките не треба да останат само на хартија, односно дека ќе се кратат средства од оние позиции каде има помала реализација и средствата ќе се насочат кон оние позиции кои ќе придонесат кон економската активност.

-Таму каде што очигледно нема да се реализираат ставките до крајот на годината, нема зошто тие средства да останат во буџетот само за да стојат на хартија, туку тие треба да се реализираат. Само така буџетот ќе има ефект врз растот во наредниот период. Министрите ќе бидат изложени на тој притисок на добро планирање, успешна реализација на проекти. Соодветно на тоа ќе предвидиме механизми како тие кои се поуспешни во релизацијата да добијат повеќе средства, а тие кои имаат послаба реализација – секако дека тие средства нема да им бидат потребни. Низ процес низ годината во текот на реализација на буџетот ќе се прилагодат капиталните инвестиции – вели Бесими.

Во однос на јавниот долг министерот за финансии вели дека во услови на криза, на кус рок поради кризата тој може да се зголеми, но исто така дека ќе се одржи макеоркономската и финансиската стабилност и на среден рок тој ќе се стабилизира.

актуелно бесими буџет ребаланс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.