„Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ.
Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес во минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела“, рече американскиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули Денот на независноста на САД, која се одржа во американската амбасада во Скопје.
Одбележувањето на 242 годишнината на независноста на САД помина во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19 век.