Германската полиција соопшти дека патнички авион „Ербас А320“ кој бил на пат од Москва за Цирих денеска непредвидено слетал на аеродромот во Штутгарт затоа што државјанка на Швајцарија станала агресивна откако членовите на екипажот не и донеле шампањ.
Полицијата од Ротлингем соопшти дека екипажот не успеал да ја смири 44-годишната патничка која била незадоволна од одбивањето да и биде доставено шише шампањ.
Жената била извадена од авионот и и’ е наредено да плати 5.000 евра за инцидентот што го предизвикала.
Во соопштението се истакнува дека останатите четириесет и тројца патници не биле во опасност.







