Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити
Економија

Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити

март 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните и компаниите кои имаат или ќе имаат потешкотии со подмирување на обврските за земените кредити поради состојбата со коронавирусот ќе можат да добијат поповолни договорни услуги од банките.

Народната банка вчера донесе регулаторни измени кои им овозможуваат на банките и штедилниците да понудат поповолни услови за компаниите и физичките лица кои пред 29 февруари годинава немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални.

„Измените значат поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во поповолна насока за клиентите, во зависност од процената на потребата и финансиската способност на секој поединечен кредиторокорисник. Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата“, информираа од Народната банка.

Промените на договорните услови извршени до 30 септември годинава нема да се сметаат за реструктурирање на кредитната изложеност.

Со тоа, на граѓаните и компаниите кои до почетокот на март немале проблем со отплатата на кредитите им се овозможува и непречен натамошен пристап до кредитна поддршка.

Со регулаторните измени се олеснува и условот за класификација на одреден кредит како нефункционален, односно пристап согласно со кој банките и штедилниците имаат обврска како нефункционални да ги евидентираат кредитите што се со задоцнување подолго од 90 дена, сега критериумот за премин во нефункционално побарување се поместува на 150 дена.

Од Македонската банкарска асоцијација вчера информираа дека нејзините членки се подготвени да излезат во пресрет на сите барања од граѓаните и компаниите кои се соочуваат или ќе се соочат со времена неможност за отплата на кредитите.

Оттаму ги оценија како позитивни најновите мерки на Народната банка.

„Заради отстранување на било какви дилеми и шпекулации, би сакале да појасниме дека овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет на сите оние на кои тоа им е потребно во моментов и месеците кои се пред нас. Сите сме дел од ова општество и оваа економија и затоа е потребно со внимателно управување со ресурсите со кои располага нашата економија на најдобар можен начин да се соочиме со проблемите и кога оваа криза ќе помине да продолжиме со најмали можни последици за секое наше семејство, компанија, нашиот економски и финансиски систем и општеството во целина. Нашите членки, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро ќе дадат максимален придoнес во тој правец“, информираа од Македонската банкарска асоцијација.

Од друга страна, бизнис секторот почна да прави проценка на првичните трошоци кои произлегоа од ослободувањето на дел од вработените од работните обврски во рамки на мерките за справување со коронавирусот.

Според првичните проценки на Стопанската комора на Македонија направени врз основа на анкета спроведена кај 115 компании, првичните трошоци на компаниите се движат од 360.000 до 4.500.000 денари.

Главниот советник во Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски, вчера на прес-конференција истакна дека неповолните економски трендови од март, ќе прoдолжат и во првата половина од април.

„Досега преземените мерки од страна на Владата ги сметаме за првични со оглед дека постоеја ограничувања од правен аспект. Сега, со прогласувањето вонредната сотојба, постои целосна слобода за преземање и нови мерки“, нагласи Јовановски, додавајќи дека во овој момент на стопанството му е неопходна финансиска инјекција.

Првичниот удар од кризата предизвикана од коронавирусот го почувствува услужниот сектор пред се туризмот, хотелиерството, рестораните и трговијата, но последиците од кризата ги опфаќаат и останатите сектори.

Евидентни се нарушувања на ликвидноста и губење на побарувачката.

Анкетата покажува дека вкупниот број отсутни работници е 1.092, што е
7,9 отсто од вкупниот број вработени во анкетираните претпријатија (13.818).

Притоа, 36,5 проценти од претпријатијата имаат помеѓу нула и двајца отсутни работници, 17,4 отсто имаат три до пет отсутни работници, 11,3 отсто се со шест до 10 отсутни, а 8,7 отсто од претпријатијата имаат 11 до 20 отсутни.

Околу 60 отсто од компаниите пријавиле дека имаат потреба од реорганизација на работата заради новонастанатата ситуација.

Приближно 36 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат дополнителни трошоци поврзани со реорганизирање на работата, a oстанатите 64 отсто изјавиле дека засега немаат трошоци за реорганизација.

Во однос на други дополнителни трошоци, 18 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат трошоци со дезинфекција на работните простории, шест отсто трошоци за откажани аранжмани, пет проценти за кирија, а 30 отсто други трошоци и проблеми (трошоци за магацин за производи чиј извоз е одложен заради кризата, дополнително задржување на возила, прекинат процес на дистрибуција, неможност за наплата и извршување на обврски, намален промет).

актуелно банки бизнис креди
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.