Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кумановка меѓу 16 млади Европејци наградени од Советот на Европа
Во Фокусот

Кумановка меѓу 16 млади Европејци наградени од Советот на Европа

октомври 6, 2019Updated:октомври 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот на Европа за време на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа свечено ја одбележа 70-годишнината од своето основање за време со пригодната свеченост во Операта во Стразбур.

„Во таа прилика беа доделени наградите на 16 млади Европејци од 47 земји членки на Советот на Европа, кои учествуваа на наградниот конкурс на организацијата посветен на 70 годишнината, меѓу лауреатите и една млада девојка од Северна Македонија“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, на 16 млади Европејци им беше доделена награда за нивните трудови на темата „Како го замислуваш Европеецот на иднината“.

Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово, која од септември е средношколка, се најде меѓу 16 млади Европејци.

Есејот на Бисера беше прогласен за најдобар есеј во нашата земја и истиот беше
избран меѓу 16 есеи од вкупно 47 земји колку што брои Советот на Европа, кои беа наградени за време на свеченоста на 70 годишнината во операта во Стразбур.

„Бев изненадена кога професорката ми јави дека освоив прво место и дека ќе одам во Стразбур. Пишував за Европа и ја споредував Македонија со Европа и ја споредив со мене и јас сум дел од Европа“, вели Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово.

„Чест и задоволство ми е што Бисера со својот есеј успеа да не доведе овде во Европа. Бисера пишуваше за Европа и ние овде ја доживеавме Европа. Прекрасно е да се биде дел од ова и навистина би посакала, ако не за мене, туку за младата идна генерација која што доаѓа да биде дел од ова членство, бидејќи е прекрасно. Стразбур е прекрасен град, благодарам до Советот на Европа што ни овозможи да бидеме тука и да слушаме говор на еден врвен политичар и претседател на една голема европска држава. Тоа е навистина доживување“, вели Весна Тодоровска досегашната професорка по македоски јазик на Бисера Ќурчиеска.

Лауретката и нејзината професорка беа примени и во постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Инаку на свеченоста во операта во Стразбур, посеветена на 70 годишнината на Советот на Европа зборуваа бројни личности: францускиот претседател Емануел Макрон, генералната секретарка на Советот Марија Пејчиновиќ Буриќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Линос-Александр Сицилианос, поранешниот шпански премиер Фелипе Гонзалес, градоначалникот на Стразбур Ролан Рис, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш или космонаутот Лука Пармитано.

актуелно Бисера Ќурчиска конкурс награда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.