Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бислимоски поднесе оставка од РКЕ
Економија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ

февруари 12, 2026Updated:февруари 12, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка од функцијата на која беше избран во јули 2023 година за втор петгодишен мандат, дознава Дојче Веле.

Со писмо испратено до претседателот на Собранието, Бислимоски утрово ја известил институцијата за повлекувањето, но во оставката не ги навел причините за тоа. Засега одлуката не сакаат да ја коментираат ниту тој, ниту неговите соработници, а јавноста може само да шпекулира со оглед на тоа дека мандатот на Бислимоски требаше да заврши во јуни 2028 година.

Пред нешто повеќе од две недели, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластување. Во пријавата се наведува дека Бислимоски, како претседател на РКЕ, наводно не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако истата не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и конечно е одземена во април 2025 година. Според УФП, ова и овозможило на компанијата да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.

На прес-конференција, Бислимоски истакна дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции за да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата не е направено прекршување на законската регулатива:

„Во наредниот период ќе го следам целиот процес и нема да дозволам на ниту еден начин да биде нарушено моето име. Сè што стои на располагање ќе им биде доставено на институциите. Цврсто сум убеден дека ќе докажеме дека немало прекршување ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање“, изјави Бислимоски.

Во ноември 2025 година, Финансиската полиција поднесе кривична пријава и против двајца управители на „Тритерол Петрол“ и против компанијата, поради сомнеж за фалсификување исправа и злоупотреба во постапка за јавни набавки.

За време на својот мандат, Бислимоски и РКЕ добија пофалби од Секретаријатот на енергетска заедница за спроведените реформи, но истовремено беа честа мета на критики и политички напади. Во 2020 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред седиштето на РКЕ поради поскапувањето на струјата.

Бислимоски се пожали дека особено за време на корона-пандемијата и енергетската криза се чувствувал како „најголем криминалец во државата“ поради постојаните напади и лажни вести. Во октомври 2021 година, тој беше цел на физички напад од страна на Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери, поради постапката за одземање на лиценцата на компанијата на Џафери.

Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во РКЕ работи од нејзиното основање во 2004 година

актуелно бислимоски Оставка рке
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.