Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БОЛДЕРИНГ, КЛАЈМБИНГ, ВЕЛОСИПЕДИЗАМ… : Крушево се најде на мапата светски туристички дестинации
Градови

БОЛДЕРИНГ, КЛАЈМБИНГ, ВЕЛОСИПЕДИЗАМ… : Крушево се најде на мапата светски туристички дестинации

мај 13, 2023Updated:мај 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Kрушево денес е препознаена туристичка дестинација за љубителите на адреналинот и алтернативниот туризам како од земјава така и од странство, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посетата на Општина Крушево, каде заедно со градоначалникот, Томе Христоски, го анализираа сработеното од Програмата за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот, финансирана од Европската унија и Владата.

„Се радувам кога слушам дека реализираниот проект за реконструкција на спортската сала со околу 45 милиони денари, пари обезбедени од ЕУ и македонската влада, ги привлекува националните тимови и клубовите на висински подготовки овде во Крушево, но и другите туристи, вљубеници во болдеринг и клајмбинг. Тука се и обележените велосипедски патеки со вкупна должина од 40 км и поставените сувенирници на Гумење“, рече Битиќи откако со Христоски извршија обиколка на направените работи.

Преку проектот се изврши и опремување и обучување на 13 члена од спасувачката служба, дел од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“.

„Со ова се креирани нови содржини, атрактивни за туристите кои доаѓаат во Крушево, не само од земјава туку и од регионот и пошироко, што успешно влијае за пораст на туризмот, што пак резултира со зголемување на туристичката понуда и отварање на нови работни места. Ние немаме море за масивен туризам, но имаме прекрасни можности за развивање на алтернативниот туризам, за што љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како една таква дестинација со погодна клима и атрактивни предели“, дополни Битиќи.

Според него, Владата секогаш ќе поддржува вакви иницијативи, кои нашиот туристички потенцијал ќе го направи меѓународно конкурентен за привлекување на што поголем број туристи и промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација.

„Бенефитите за македонската економија од инвестициите направени во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност се повеќекратни. Зголемување на бројот на туристите, локални, и туристи од целиот свет, ова пак резултира со потреба за нови работни места, нови можности за развој и поголеми приходи за нашата економија“, истакна Битиќи.

Градоначалникот Христоски изјави дека Крушево ја има една од 14-те најуспешни приказни во рамките на проектот за поддршка на локалната и регионална конкурентност во туризмот, преку која градот успешно се промовира.

„Проектот ги исполни своите цели. Крушево стана атрактивна, примамлива туристичка дестинација која од ден на ден расте. Има подобрени содржини во неа, маркетинг капацитети и секако и безбедносни. Како резултат на проектот Крушево се здоби со подобрени алатки за придобивање на туристи на меѓународно и национално ниво, како и задоволување на потребите за висок адреналин кои ги бараат гостите. Придобивките се големи, Крушево стана целогодишна, безбедна и атрактивна дестинација за туристи од целиот свет“, подвлече Христоски.

актуелно битики дестинација крушево туристичка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.