Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации
Економија

Битиќи: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации

јули 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

“Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија. Новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии. Ние сме на вистинскиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи“, потенцира заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во колумната за порталот Фактор.

Вицепремиерот во својата колумна информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу 6 месеци е формиран Националниот старт-ап совет, чија цел е размена на идеи, за да се креираат политики и да се создаде клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи. Во моментов проектите на домашните старт-апи се ко-финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој до 70% од вкупната вредност на проектот, што значи дека за овие копании се обезбедува навистина силна финансиска поддршка од државата, односно од буџетот.

Битиќи пишува дека во моментот се работи на неколку законски решенија кои треба да воведат промена во актуелната состојба да го олеснат влезот и да се овозможат дополнителни финансии од приватни инвеститори во старт-ап компаниите.

„Владата ги гледа младите претприемачи како важен сегмент околу кој треба да се гради долгорочната стратегија за развој на домашната економија во иднина и сметаме дека токму Владата треба да е таа што ќе им го олесни патот кон бизнис светот на оние кои за првпат сакаат да започнат сопствен бизнис. За само четири години, Фондот за иновации и технолошки развој се претвори во дом за сите микро, мали и средни компании, а сега во своето портфолио брои преку 640 компании кои реализирале, започнале или ќе започнат со реализација на проекти во вкупна вредност на инвестицијата од 85,1 милиони евра“, подвлекува вицепремиерот.

Како еден од клучните предуслови за развој на претприемништвото, Битиќи го посочува постоење на квалитетен и современ образовен систем, пришто додава дека тоа развојот че биде уште позабрзан во комбинација со активно вложување во инкубаторите и акселераторите за поддршка на старт-ап компаниите.

„Силно верувам во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, тие се оние кои ќе не воведат во четвртата индустријализација. Со нив можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите, преку нив да работиме на се поголема инклузивност и диверзификација по сите основи. За да можеме да го оствариме сето ова има неколку клучни точки кои мора да работат во синергија – првата точка е образованието. Тука треба да почне семето на претприемништвото и да се храни храбриот и  иновативен дух на младите луѓе. Самите универзитети и професорите треба да земат активна улога во поттикнувањето на новите лидери кои ќе го променат светот. Следни се инкубаторите и акцелераторите кои ќе вложуваат во ран развој, кој ќе даваат шанса на многу млади бизниси за да може од сите нив да се види кои ќе го поминат ситото и ќе преминат во следната фаза. По нив се инвестициските фондови, како Фондот за иновации, но и приватни фондови кои ќе вложуваат во супер креативни идеи на новото време. Секако, политиките и поставеноста на економскиот систем е работа на Владата и на тоа посветено работиме. Заедно со Националниот совет за старт-апи веќе работиме на овие храбри чекори, се надевам дека ќе инспирираме што повеќе луѓе да се вклучат и ќе бидат понесени од идејата – Северна Македонија старт-ап дестинација во регионот“, потенцира во колумната за порталот Фактор, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

актуелно битиќи економија старт-апи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.