Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи: Трите проекти на „Дура“ се реализираат со предвидената динамика
Економија

Битиќи: Трите проекти на „Дура“ се реализираат со предвидената динамика

ноември 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ја посети компанијата „Дура“, која во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик
реализира три инвестициски проекти во нови производни капацитети.

Во придружба на извршниот директор на „Дура аутомотив“, Мајкл Бекет и директорот на фабриката во Скопје, Педро Коста, Битиќи изврши обиколка на сите три локации каде што се реализираат инвестициските проекти и, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази задоволство од динамиката на опремување и изградба на фабриките.

„Активностите кои ги спроведува „Дура“, светски позната компанија, глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот, покажуваат дека нивните планови се многу сериозни и дека ова е само почеток на една успешна приказна во нашата земја“, наведува Кабинетот на вицепремиерот.

Битиќи соопшти дека оваа светски позната компанија од автомобилската индустрија реализира три инвестиции во технолошкоиндустриската развојна зона 2 во Скопје, во чие комплетирање, според бизнис-плановите, се планирани околу 100 милиони евра, а би се вработиле околу 500 лица.

„Направивме увид во прогресот на активности на сите три фабрики на „Дура’, тоа се „Дура аутомотив екстериор“, „Стракчрс“ и „Екстружнс“, а разговаравме и за натамошните планови на компанијата, но и за предизвиците со кои се соочуваат. Јас сум задоволен од ова што го гледам, од интензитетот и динамиката на реализација на инвестициите. Првата фабрика „Дура екстериор“, која почнаа да ја градат во втората
половина на 2018 година, за само една и пол година започна со производство и веќе функционира со околу 60-ина вработени. Втората фабрика „Стракчрс“, која ја започнаа на почетокот на оваа година, веќе се опремува и таму има околу 60-ина вработени, кои се пратени на практична обука, додека третата фабрика интензивно се гради“, соопшти Битиќи.

Вицепремериерот посочи дека членството во НАТО дефинитивно придонесе за дополнителна стабилност и сигурност на земјата, што исто така може да се земе како уште еден аргумент за унапредување на бизнис-климата и препознавање на Северна Македонија како одлична локација за инвестиции на многу други компании.

Нагласи дека сите инвеститори, домашни и странски, во Владата ќе имаат силен партнер и поддржувач за реализација на нивните проекти.

„Ние нема да се мешаме во бизнисот на компаниите, но дефинитивно сме тука ако треба поддршка за зголемување на конкурентноста. Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Законот за технолошко индустриски развојни зони, па и Законот за стратешки инвестиции, ни даваат широка лепеза на мерки со кои можеме да
поттикнеме нови инвестиции, кои пак ќе значат побрз и одржлив економски раст и развој, нови работни места, повисоки плати, генерално подобар живот на граѓаните“, истакна Битиќи.

Лично го радува, рече Битиќи, нивото на странски инвестиции во првата половина од 2020, кое е околу 122,6 милиони евра и е поголемо ниво во однос на периодот јануари-јуни 2019 година, кога изнесувале 94,6 милиони евра.

„Со оглед на глобалниот тренд на странски директни инвестиции, кој покажува намалување на СДИ за неверојатни 49%, односно неверојатни 75% намалување на инвестиции во развиените земји во првите шест месеци од 2020 година, би сакал да истакнам дека кај нас и покрај кризата имаме стабилно ниво на странски директни инвестиции, работите се одвиваат генерално во добра насока“, нагласи вицепремиерот Битиќи при посетата на инвестициските проекти на „Дура“ во ТИРЗ Скопје 2.

Извршниот директор на „Дура аутомотив“, Мајкл Бекет, изрази задоволство од досегашната соработка со Владата и другите државни институции.

Тој објасни дека „Дура аутомотив“ е во сопственост на инвестицискиот фонд „Мiddle Ground Capital Partners“, со седиште во Кентаки, САД, и ги потврди плановите кои подразбираат инвестиции од околу 100 милиони евра во наредните 12 месеци и отворање на 500 работни места до 2022 година.

„Првата фабрика ќе произведува разни премиум компоненти како што се алуминиумски држачи за возила и странични лајсни. Нашиот втор проект овде е да правиме литиумски батерии за електрични возила. Го гледаме позитивниот тренд на пазарот за вакви возила кои имаат нула емисија на штетни гасови, односно се „зелени“ производи. Третиот проект ќе биде фабрика со вертикално интегративен систем, со кој ќе произведуваме наши алуминиумски ултра лесни профили за електрични возила“, рече Мајкл Бекет, извршниот директор на „Дура“.

 

„Дура“ битиќи проекти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Горивата од полноќ со нови цени

октомври 26, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.