Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битолчанец најбогат во 2019, стружанец со најголема плата, најмладиот милионер има само шест години
Економија

Битолчанец најбогат во 2019, стружанец со најголема плата, најмладиот милионер има само шест години

декември 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Битолчанец e најбогатиот граѓанин во земјава, а на стружанец му била исплатена највисока плата. Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција соопшти дека иако скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак на првото место е битолчанец со остварен годишен доход од 211 милиони 360 илјади 619 денари.

На второто место е скопјанка со годишен бруто-доход од 172 милиони 166 илјади 358 денари.

„Во споредба со 2018 година, кога највисокиот остварен доход беше една милијарда 056 милиони 992 илјади 055 денари, има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил деветторангиран“, рече Лукаревска.

Стружанецот, кому му била исплатена највисока плата, работел во индустријата со метали, кој пријавил годишен бруто-доход од 1,9 милион евра.

На листата на највисоко рангирани бруто-плати се и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друга основа изнесува 48 милиони 511 илјади 454 денари на годишно ниво за привремено извршени услуги кон градежна компанија.

Најголем доход од капитална добивка има остварено скопјанец, кој продал сопственички удел во странска компанија и притоа заработил 88 милиони 352 илјади 113 денари, а највисоката дивиденда му е исплатена на битолачнец, кој е сопственик на бизнис од областа на градежништвото.

Самостојното вршење дејност е најпрофитабилно за скопјани и во 10-те најдобро рангирани се наоѓаат адвокати, извршители и угостители.

Земјоделството е најисплатливо во Скопскиот регион каде граѓанин од продажба на сопствени земјоделски производи остварил доход од 32 милиони 345 илјади 815 денари.

Највисокиот доход од закуп е остварен во Тетово, а највисокиот доход од авторски права во Скопје.

Највисокиот доход од права на индустриска сопственост е остварен во Куманово.

Според податоците на УЈП, скопјанка од лото-обложување и учество во наградни игри заработила 29 милиони 293 илјади 930 денари, а прворангираниот пензионер е од Штип со бруто-пензија од 8 милиони 064 илјади денари.

Според директорката на УЈП, иако општите бројки се зголемени, сепак на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани не ги достигнал износите на доход од 2018 година.

Кај 35.363 граѓани утврден е бруто-доход над еден милион денари, додека најголемиот број граѓани, односно 638.210 оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до еден милион денари.

Во 2019 година шест граѓани оствариле доход над 100 милиони денари што претставува намалување во однос на 2018 година, кога имало 31 таков граѓанин.

Вкупно 426 граѓани оствариле доход од 10 до 100 милиони денари.

актуелно битолчанец милионер Плата
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.