Пред еден месец Бијонсе на свет ги донесе близначињата Сер Картер и Руми.
По породувањето, проследено со компликации, и мајката и дечињата се чувствуваат добро.
Бијонсе деновиве за прв пат се појави во јавноста со бебињата.
„Сер Картер и Руми денес полнат еден месец“, напиша популарната пеачка во описот на објавената фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм.
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи ја имаат и петгодишната ќерка Блу Ајви.









