Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Благ пад на новозаразени со корона вирус
Македонија

Благ пад на новозаразени со корона вирус

септември 10, 2021Updated:септември 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 и вчера слична на претходните денови. Бројот на починати останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени.

Вчера беа регистрирани 256 случаи на Ковид-19 од 2.778 тестирања или околу девет проценти, што е за еден процент помалку од изминатите денови.

Меѓу 31 починат за претходното деноноќие, повторно евидентирано младо лице. Се работи за 18-годишник од Гевгелија. Регистрирани и 545 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи во моментов е 13.631.

Според епидемиолошки анализи, најголем број активни случаи има во Скопје – 5919, следи Тетово со 1283, Куманово – 883, Гостивар – 789, Струга – 613, Струмица – 576, Охрид – 550 и Кичево – 522.

Во другите градови има помалку од 500 заразени, а во Демир Капија во моментов
има само еден позитивен случај.

Според последните информации од Министерството објавени завчера, на вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се околу 750 илјади граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани над 1,3 милиони дози вакцини, а ревакцинирани се околу 590 илјади граѓани.

Околу 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, а тој процент кај лицата над 18 до 39 години е 29.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Надлежните повторно посочуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, информираат од Министерството за здравство и додаваат дека внимателсно се следи епидемиолошката состојба во училиштата.

Во Куманово вкупно 30 ученици и девет наставници се заразени од коронавирусот од почетокот на учебната година до вчера, информираа надлежните од секторот за образование од општината.

Тие оценија дека сегашната состојба е стабилна, бидејќи има 21 основно и средно
училиште. Вирусот не се шири по училиштата, туку учениците и професорите имале позитивни членови во семејствата. Заболени има во различни училишта и во основните и средните.

Според податоците, во Куманово има 14.807 ученици, а вкупно вработени се 1.720 лица.

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на коронавирусот, информира Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје-Штип.

Станува збор за двајца ученици од Основното училиште „Ванчо Прке“ и по еден од средните училишта „Коле Нехтенин“ и „Јане Сандански“.

Во изолација дополнително заминуваат 20 ученици.

Претходните денови со стартот на учебната година во изолација имаше 53 ученици.

Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта досега е 73. Од почетокот на учебната година се до денеска регистрирани се осум ученици кои се позитивни на коронавирусот и тројца наставници од основните и средни училишта.

По една недела онлајн настава поради состојбата со Ковид-19 во Кичево, учениците од кичевските средни училишта повторно седнаа во училишните клупи.

Во текот на завчерашниот ден од Министерството за образование пристигна допис дека се исполнети условите учениците да ја продолжат наставата со физичко присуство.

Теренска ревакцинација против коронавирусот Ковид-19 и денеска ќе се одвива во Демир Капија, информираат од ЈЗУ Здравствен дом „Неготино”.

„Вакцинирањето ќе се одвива од 8.00 до 13.00 часот во спортската сала во училиштето „Димката Ангелов – Габерот“. Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме“, велат од неготинската болница.

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север завчера откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови приложени од македонски државјани на ГП Табановце и ГП Меѓународен аеродром Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При проверка на ПЦР тестови приложени од македонски државјани на Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни ПЦР тестови, додека на аеродромот Скопје биле откриени два фалсификувани тестови.

„Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1000 до 2000 денари“, информираат од МВР, посочувајќи дека против лицата ќе бидат поднесени пријави.

Од Грција вчера пристигна веста дека мерките, кои од следната недела стапуваат во сила, кои пред сè се за невакцнираните, освен за Грците, ќе важат и за посетителите на земјата.

Поконкретно, влезот во внатрешните делови на кафулињата, баровите, рестораните, таверните, ноќните клубови, како и во спортските сали, ќе биде дозволен само за вакцинирани лица и за оние кои во изминатите шест месеци прележале Ковид-19.

Според светската статистика, во светот досега од корона вирус се заразиле околу 224 милиони луѓе, починале 4,6 милиони, а оздравеле над 200 милиони лица.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно вирус изолација Кичево кови-19 корона мерки скопје штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.