Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лиџијан.
Оваа година Република Македонија и Народна Република Кина одбележуваат 25 јубилејни години од воспоставувањето дипломатско-конзуларни односи меѓу двете држави. Во јубилејната година ќе се организираат низа манифестации кои ќе ја потврдат и продлабочат добрата соработка меѓу Македонија и Кина, информираат од Општината.
Општина Центар е збратимена со областа Шиченг од Пекинг. Областа Шиченг е административен, културен и политички центар на Пекинг. Општината е седиште на Владата и на сите институции од областа на финансиите и економијата, културата, образованието, здравството, спортот и туризмот.
Соработката со областа Шиченг од Пекинг за Општина Центар ќе биде од големо значење бидејќи размената на искуства, знаења и примената на добри практики ќе придонесат за подобри и поквалитетни услуги за жителите на општината.







