Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Стефан Богоев, денеска побара жителите во оваа општина да гласаат за изборната програма на Коалицијата „Живот во Македонија“.
„Во изминатите дваесетина дена јас и мојот тим ги посетивме скоро сите домаќинства, се сретнавме со скоро сите граѓани на општина Карпош, ги презентиравме нашите идеи за живот во Карпош, но и ги слушнавме Вашите проблеми кои за жал се многубројни.
„Затоа, на крајот од оваа кампања, Ве повикувам сите на општа политичка мобилизација, во недела, на 15-ти октомври, да гласаме за бројот 19, истакна Богоев.
Според него, со тоа ќе се стави крај на урбаната мафија во Карпош и во Скопје.