Граѓаните од општина Карпош му ги посочија проблемите на Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош, тие зборуваа за урбанистичкиот хаос, узурпацијата на зелените површини и обидите да се загрози автентичноста на Влае
Тој најавил дека сите ДУП-ови што се во процедура и не се донесени ќе бидат целосно разгледани и ревидирани, земајќи ги во предвид мислењата на граѓаните истакнати во анкетните листови.
„Започнуваме бескомпромисна борба против урбаната мафија која изминативе години педа по педа го уништуваше зеленилото и придонесе граѓаните да дишат загаден воздух- истакна Богоев.
Напомена дека во Програмата е предвиден Зелен урбан кодекс чија цел е попис на зеленилото и негово планирање, како и стимулација за изградба на зелени површини на поголемите рамни покриви.
„Имаме чесен пристап. Нема да ветуваме чуда, но ветуваме работа, редовни средби со граѓаните и здруженијата и градење меѓусебна доверба.
„Општина Карпош повторно ќе биде сервис на граѓаните, а не на партиските интереси- рече Богоев.
На средбите се разговараше и за сообраќајниот хаос кој владее во Влае, по што Богоев најави поставување еко – паркинзи кои покрај решавање на проблемот со паркирање ќе овозможат и дополнително разеленување на општината.







