Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“
Судски процеси

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

декември 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лекарот Михаил Толев на излегување од Кривичниот судот кажа дека Бојан Јовановски – Боки 13 се жалел на болки во стомакот и на вртоглавица.

Според лекарот, тоа е последица на стресната ситуација, поради што му дале инекција „дијазепам“.

Додаде дека свесно може да може да продолжи да го следи судењето.

Полномошникот на Јордан Камчев рече дека Камчев се приклучува кон обвинението и бара оштета од 1,5 милиони евра.

Судот на почетокот на рочиштето не ги прифати предлозите на одбраната за издвојување на аудио доказите од телефонот на Јордан Камчев и видео материјалите од Боки 13, како и за одржување на подготвително рочиште за подобро запознавање на предложените докази и произнесување на одбраната по нив.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека за ова кривично дело не може да има оштетени, може да има само сведоци во постапката.

Судот го извести полномошникот на Камчев дека во постапката може да присуствува како јавност и дека доколку смета може да поднесе постапки за оштета.

Јовановски во меѓувреме се пожали дека и по инекцијата се уште му е лошо, на што судијката рече дека лекарот од Брза помош констатирал дека тој може да продолжи да го следи судењето.

Судењето продолжува со воведни говори.

Бојан Јовановски рече дека го разбрал обвинението, но оти не се чувствува виновен за двете кривични дела.

Катица Јанева исто така го разбрала обвинението, но не се чувствува виновна.

Зоран Милевски рече дека го разбрал обвинението, доброволно признал и се чувствува виновен.

По изјазнувањето на обвинетите, Судот даде дауза за техничко раздвојување на постапката за обвинетиот кој призна вина.

Првото рочиште за случајот „Рекет“ почна со еден час задоцнување, по што Судот даде 30 минути пауза за консултации, а во меѓувреме доктор да провери здравствена состојба на Боки 13.

На почетокот на судењето претседателката на Судечкиот совет Весна Николовска Масевска рече дека им била доставена медицинска документација од ГОБ „ 8 Септември“ од Јовановски, кој денеска имал здравствени проблеми – повраќал и бил тешко контактибилен.

По мислење на затворскиот доктор, тој не е способен да го следи рочиштето.

„Не се чувствувам добро. Имав десет повраќања. Имам исклучителна желба активно да учествувам во судскиот процес. Немам добиено терапија за новата дијагноза што ми е најдена. Едноставно затворскиот доктор констатираше дека не можам да го следам судењето, но јас инсистирав да бидам донесен за да не биде дека одолговлекувам, но не сум во свесна и рационална состојба да го следам судското рочиште“, изјави Боки 13, на прашање од судијката како се чувствува сега, рече
Јовановски.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, кажа дека според лекарите во ГОБ „8 Септември“, Јовановски е во добра здравствена состојба.

„Јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би ја ризикувал својата лекарска лиценца. Сметам дека ова е само обид за одлговлекување“, рече Рускоска.

Судот по ова даде 30 минути пауза за консултации, а во меѓувреме ќе повикаат доктор да ја провери неговата здравствена состојба.

Судењето започна со еден час задоцнување почнува судењето за случајот „Рекет“.

Во судницата се тројцата обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.

Со полициска придружба Боки 13 беше спроведен во Кривичниот суд од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, а од домашен пртивор беа донесени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.

Судењето го следат бројни новинарски екипи.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

актуелно боки 13 дело Јанева кичеец рекет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.