Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Боларис: Се фокусираме да го добиеме најдобриот можен резултат за учебниците
Македонија

Боларис: Се фокусираме да го добиеме најдобриот можен резултат за учебниците

април 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Верувам дека штом постои добра волја, ќе успееме, се фокусираме за да го имаме најдобриот можен резултат и ќе го имаме, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците и изразува оптимизам дека од следната учебна 2019-2020 година, Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања, ќе успее да ги отстрани иредентизмот и ревизионизмот од учебниците.

На прес конференција во грчкото МНР, Боларис објасни дека мандатот на Комитетот произлегува од потпишаниот Меѓународен договор меѓу двете држави, за книгите во учебната 2019-2020 година да не содржат иредентизам и ревизионизам и додава дека Комитетот не сака да води процеси што траат долго.

„Сакаме да бидеме искрени. Затоа и на претходните средби, едната во Солун, другата во Скопје, се фокусиравме со искреност, да имаме резултат, бидејќи тоа е мандатот. Станува збор за мешан комитет на експерти. Мнозинството од нив се професори на факултети, но нашите средби не се академски форум, академска конференција не е научна конференција, туку е средба на академци, историчари, научници кои треба да го спроведат Договорот од Преспа и овој договор вели дека треба од масата да го тргнеме сето она што нѐ разделува, а она што нѐ разделуваше беше пропагандата на иредентизмот и ревизионизмот, вели Боларис.

Заменикот шеф на грчката дипломатија, објаснува дека од моментот кога во Преспа договорот беше за тоа конкретните работи да се отстранат од масата, „треба да излезат и од книгите, бидејќи кога се изучува ова се создава проблем во општествата и кај народите“.

На прашањето дали Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, ќе успее да ја заврши задачата во предвидениот рок, Боларис, изрази оптимизам.

„Јас верувам дека штом постои добра волја, ќе успееме. Ова впрочем е и мандатот. Мандатот вели дека учебниците во септември нема да имаат иредентизам и ревизионизам. И како што сфаќате, многу е важно да одговориме на овој договор, за да не оставаме простор на никој што има лоша намера да рече лесно беше договорено, но не се направи. Се фокусираме за да го имаме најдобриот можен резултат и ќе го имаме, вели заменикот шеф на грчката дипломатија, Маркос Боларис.

На 12 и 13 април, како што беше договорено на претходната средба во Скопје, Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања ќе одржи нова средба во Атина.

Прес конференцијата во Министерството за надворешни работи на Грција беше посветена на изложбата на фрески, скулптури и дела на свештеникот Лукас од Света Гора, што од 17 април до 17 мај ќе се одржи во културниот центар во рамките на грчкиот конзулат во Истанбул.

актуелно боларис договор преспа резултат учебници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.