Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Болниците се полнат со КОВИД-пациенти, хоспитализирани 1739 во земјава
Во Фокусот

Болниците се полнат со КОВИД-пациенти, хоспитализирани 1739 во земјава

април 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со порастот на нови позитивни на коронавирусот во изминатите денови, се зголемува и бројот на хоспитализирани луѓе кои имаат потешки симптоми, а многумина се
зависни од постојана кислородна поддршка.

Во статистиката за вчера беше наведено дека во целата држава во болница се лекуваат 1739 позитивни и сомнителни на КОВИД-19, но обезбедени се слободни места за нови приеми и има околу 220 кревети.

Од вкупниот број пациенти, 703 се лекуваат во Скопје, а 1036 на инфективните одделенија и КОВИД-центрите во други градови во државата. Во главниот град во претходното деноноќие биле примени 65 нови пациенти и до вчера утрото имало 60 празни легла.

На Инфективната клиника се лекуваат 154, во ГОБ „8 Септември“- 139, 313 се хоспитализирани на интерните и на хируршките клиники, во Институтот за белодробни заболувања кај деца–Козле има 39 пациенти и 35 на Институтот за физикална медицина и рехабилитација. Осум деца со коронавирус лежат на Клиниката за детски болести, како и девет пациентки на Гинекологија.

„Оваа здравствена криза погодена од третиот и можеби најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. И покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои сè побрзо се исполнуваат со КОВИД-пациенти, обезбедени се слободни места на повеќе клиники. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветен
третман во болниците“, соопшти вчера Министерството за здравство.

И министерот Венко Филипче викендов изјави дека има места и кадар во болниците иако притисокот врз нив е најголем од почетокот на епидемијата.

„Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме сè што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети, дури и сега“, изјави Филипче во саботата при посетата на салата „Борис Трајковски“ каде што денеска ќе почне масовно вакцинирање.

Министерството за здравство апелираше да не се создава непотребна паника – возрасни КОВИД-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести и дека единствени возрасни таму се мајките на деца со ковид, кои исто така се позитивни.

МЗ ги повика и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и со тоа секој индивидуално да придонесе во борбата со коронавирусот и да им помогне на здравствените работници.

Битката со КОВИД-19 ја загубија уште 35 пацинети, на возраст од 28 до 88 години, и со нив бројот на починати достигна 3940 од почетокот на епидемијата. Со вчерашната статистика за нови 734 случаи, вкупниот број потврдени заразени е 134 867 од 641 573 направени тестирања, а оздравени се 109 297.

Активни случаи во земјава има 21 630, од кои речиси половина (10 584) се во Скопје. Три града имаат четирицифрени бројки: Прилеп – 1166, Куманово – 1078 и Битола 1032, а висок е бројот и во Охрид – 896, Велес – 814, Кавадарци – 728, Тетово – 666.

актуелно Болници коронавирус пациенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.