Најмалку 30 лица загинаа, а шеесетина се ранети во експлозија во Центарот за регистрирање на избирачи во авганистанската престолнина Кабул, јавува Ројтерс.
Задравствени официјални лица велат дека бројот на жртвите може да расте заради сериозноста на повредите на оние кои се примени во болница.
Талибанците негираат дека имаат каква било вмешаност во нападот, што би можело да укажува на тоа дека нападот го извршила Исламска држава, наведува во својот текст агенцијата АП.
Шефот на кабулската полиција Давуд Амин иајави за локалната телевизија дека експлозивната направа ја активирал бомбаш самоубиец.
Ројтерс известува дека денешниот напад бил изведен после неколку недели релативен мир во Кабул.
Центри за регистрација на избирачи отворени се ширум Авганистан заради подготовка за долго одложуваните избори кои се планирани за во октомври.
АП потсетува дека Талибанците и локалниот огранок на Исламска држава во Авганистан ја сметаат владата во Кабул за нелегитимна и не ги признаваат изборите што таа ќе ги организира.







