Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бордот на директори на Светска банка ја одобри новата рамка за партнерство со Северна Македонија
Економија

Бордот на директори на Светска банка ја одобри новата рамка за партнерство со Северна Македонија

април 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка ја одобри денеска четиригодишната рамка за партнерство која има за цел поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Како што најави министерот за финансии претходно со ова на земјава и се ставаат на располагање 420 милиони долари.

Стратегијата, како што стои во соопштението од Светска банка, има за цел да ја поддржи програмата и среднорочната стратегија на Владата преку создавање повеќе можности за подобрување на животниот стандард на граѓаните и забрзување на конвергенција на приходите со Европската унија.

„Решавањето на спорот со името отвара нови можности за раст во Северна Македонија, рече Линда Ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан.

Таа изрази задоволство што се во партнерство со земјата во овој, како што вели, историски момент и ќе продолжиме да помагаме за да ги искористи можностите за изградба на енергична и инклузивна економија која е целосно поврзана со регионот и светот.

Новата Стратегија има три фокусни области. Првата област ќе го подобри опкружувањето за конкурентен приватен сектор преку зголемување на поврзаноста и подобрување на пристапот до пазарите, помагајќи им на бизнисите да станат поиновативни, продуктивни и конкурентни и создавање на повеќе и подобри работни места за луѓето.

Втората област ќе ги поддржи инвестициите во човечки капитал со фокус на подобрување на обуката за образованието и вештини, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување за поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област ќе ја поткрепи фискалната одржливост и одржливоста на животната средина преку зајакнување на управувањето со јавни финансии и забрзување на транзицијата на земјата кон поодржлива комбинација на енергетски извори. Предизвиците од климатските промени ќе се решаваат преку инвестиции во енергетската ефикасност, обновлива енергија и транспорт и земјоделство кои се отпорни на климатски промени.

Стратегијата, во рамките на сите три фокусни области, поддржува реформи на политиките со цел унапредување на пристапната агенда на Северна Македонија кон Европската унија, дополнувајќи ги и зајакнувајќи ги напорите на Владата и останатите развојни партнери.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, ќе бара дополнителни можности за мобилизирање на странските директни инвестиции со цел да се генерира раст и извоз, како и да се подобри учеството на малите и средни прептријатија во синџирот на снабдување. ИФЦ, исто така, ќе го поддржи олеснувањето на трговијата и логистиката за подобрување на поврзаноста со извозните пазари и ќе го вклучи приватниот сектор во поддршка на енергетската транзиција.

-Целта на ИФЦ е да се ослободи моќта на приватниот сектор за да се забрза одржливиот економски раст и да се создадат можности за работни места, вели Томас Лубек, региноален менаџер на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа.

Фокусот, како што додава, е на поддршка на раст предводен од извоз, забрзување на транзицијата кон обновлива енергија и подобрување на финансиската инклузивност и ефикасноста на финансискиот сектор.

актуелно партнерство рамка Светска банка северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.