Снегот предизвика многу проблеми во Босна и Херцеговина.Некои општини останаа без струја и вода, а евидентирани се и неколку сообраќајни несреќи.
Лоша е состојбата и во соседните земји. Снегот ја окова Хрватска и направи целосен колапс на сообраќајот. Далмација е отсечена од остатокот од Хрватска.
Од вчера од 14.30 часот, поради огромното количество снег и силниот ветер, нема сообраќај за ниту една група возила од правец на Далмација.
„Нема слободен патен правец за сите групи возила од Далмација кон внатрешноста и обратно“, соопшти МВР, додавајќи дека во текот на вечерта бил ангажирани максимален број полицајци за да им помогнат на патниците на терен и апелираат граѓаните да не тргнуваат на пат.
За потсетување, хрватската спасувачка служба синоќа соопшти дека на терен се 22 спасувачи од станиците Задар, Шибеник и Сплит, од кои повеќето се ангажирани за помош на патниците кои се заглавени на патиштата поради големото количество снег на релациите Задар – Грачац и Книн – Грачац.
Дополнителни сили од другите станици на спасувачката служба се во состојба на готовност. Од службата апелираат возачите да ги почитуваат забраните кои се на сила и да не тргнуваат на пат доколку тоа не е нужно потребно.







