Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бошњаковски: Наводите за азил се лажни, Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија
Македонија

Бошњаковски: Наводите за азил се лажни, Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија

ноември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

На прес-конференција рече дека постапката за  екстрадиција е почната, документацијата е пратена во Владата на Унгарија и дека таа е одделна од постапката за азил, односно двете постапки воопшто не се во корелација.

„Унгарија е земја членка на Европската Унија и на НАТО која досега во сите постапки на екстрадиција кои постоеле помеѓу Република Македонија и Република Унгарија во ниту еден момент не било укажано дека постојат одредени неправилности во судските процеси во Република Македонија, како што е во овој случај со Никола Груевски. Кристално јасно е дека наводите во барањето азил се лажни, барањето за екстрадиција е испратено. Груевски не го бараме само за да ја одлежи казната во Република Македонија, пресудата од две години затвор, туку тој се бара и за повеќе други истраги и судски процеси кои се во тек. Тоа значи дека барањето за екстрадиција е целосно, темелно и овозможува дефинитивно негово враќање во Република Македонија, рече Бошњаковски.

На прашањето каде се пропустите и  кој е одговорен за бегството на Груевски од кое поминаа десет дена, а нема информации, владиниот портпарол одговори дека се водат две постапки во МВР и кога сите информации ќе бидат утврдени, детални и темелни, ќе бидат презентирани во јавност.

Бошњаковски не ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со движењето на Груевски, односно дека пропусот е во тоа што не постоела меѓународна потерница и можел легално да ги минува границите. – Владата нема да коментира изјави на државници од други држави, додаде Бошњаковски.

На прашањето дали притворот за поранешниот директор ан УБК Сашо Мијалков е одлука само на Специјалното јавно обвинителство или за тоа е разговарано и вчера на седница на Влада, односно дали  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имал сознанија за бегство на Мијалков, портпаролот рече дека Владата никогаш не дискутира работи кои се поврзани со правосуданта власт.

На вчерашната владина седница бил прифатен моделот Управата за безбедност и контраразузнавање да се одвои од Министеството за внатрешни работи, по примерот на речиси сите земји во ЕУ. Целта е, рече Бошњаковски, да не постои концентрација на моќ помеѓу службите. Оваа реформа не се однесува само на УБК, туку, рече, и на реформите во военото разузнавање и во Агенцијата за разузнавање.

„Се работи за сеопфатни реформи кои почнаа со формирањето на Оперативно-техничката агенција. На овој начин се зголемува контролата врз овие безбедносни служби и се оневозможува нивна злоуотреба како што постоеше во минатото, рече портпаролот.

Владата вчера дала негативно мислење за предлогот за амнестија кој стигнал преку Собранието од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот е поставен на целосно погрешни темели. Тој предвидува целосна, општа амнестија за сите учесници. Тие тоа го бараа долго време наназад, нешто што никогаш ниту било ветено, ниту може да биде прифатено од оваа Влада, рече портпаролот Бошњаковски.

актуелно груевски македонија мвр
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.