Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност
Македонија

Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност

март 14, 2024Updated:март 14, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при Секторот за внатрешни работи Скопје, во рамки на серијата посети на организационите единици при МВР на територијата на целата државата, со цел согледување на сработеното и маркирање на идните активности.

Полициската станица во Ѓорче Петров е дел од планот за квалитативно унапредување на работните услови на вработените, како нова градба која беше пуштена во употреба кон крајот на 2017 година од поранешниот министер Спасовски, со што значително беа подобрени работните услови на вработените. Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите и средствата за работа се и 80-те комплетно реконструирани полициски објекти низ државата, а во тек е целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово и Управните служби во МТВ, како и нова градба на полициска станица во Аеродром. Воедно, пред околу три месеци беа промовирани 20 комбиња наменети за СВР Скопје, од кои дел беа предадени на ЕВР Ѓорче Петров, во насока на модернизирање на опремата на полицијата на ова подрачје.

Од страна на раководството на ЕВР Ѓорче Петров, Бојмацалиев беше брифиран за поволната безбедносна состојба на подрачјето во надлежност на оваа организациска единица, како и за резултатите во изминатите два месеци од 2024 година.

„На подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров во текот на јануари и февруари 2024 година евидентирани се 103 кривични дела по службена должност или 15% од евидентираните кривични дела по службена должност на СВР Скопје. По структурата на криминалитетот, најголем дел се за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и измами и разбојништва”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој информираше за реализацијата на кривичните дела.

„За овие два месеца реализирани се вкупно 48 кривични дела, против 35 сторители, за што се поднесени 43 кривични пријави, или тоа значи 50% реализација на кривичните дела”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилено темпо во расветлувањето на кривичните дела.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: МВР)

актуелно бојмацалиев должност ѓорче петров евр кривични дела реализација службена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.