Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека неговата земја работи на постигнување мир во Украина, но ниту рускиот лидер ниту украинскиот претседател не се подготвени да зборуваат за мир.
„Ниту Путин, ниту Зеленски не се подготвени“, изјави Лула на прес-конференција, додавајќи дека мировните предлози ќе бидат подготвени кога двете држави, и Русија и Украина, ќе бидат подготвени да преговараат.
„Улогата на Бразил е да се обиде да постигне мировен предлог заедно со другите, кога тоа го сакаат двете земји“, рече тој, пренесува Укринформ.
(Фото: АП)







