Клуб Бриж е, без сомнение, најголемата сензација од првите три кола во Лигата на шампионите.
Првакот на Белгија во групата Б, во која е со Атлетико, Баер и Порто, после три кола ги сите три победи, а посебно е импресивна гол разликата на белгискиот клуб.
Бриж за 270 минути фудбал постигна седум гола, а не прими ниту еден.
Во третото коло жртва на хит екипата од Лигата на шампионите беше Атлетико Мадрид.
На натпреварот одигран во Бриж, домашната екипа славеше со 2:0, со головите на Совах (36.минута) и Јутгла (62.минута).
Во вториот натпревар од оваа група Порто како домаќин беше подобар од Баер со 2:0.
(Фото: АФП)







